Билтен за Охрид: Физички нападнати ученици од Скопје, физички напад, неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги…
На 15.10.2026 во 01 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Св.Климент Охридски” во Охрид, повеќе лица физички нападнале неколку ученици од Скопје кои во група, заедно со нивните професори, се движеле по улицата. Се работи на целосно расчистување на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.10.2026 во 20:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.ицата „Питу Гули” во Охрид, женско лице физички го нападнала Т.Ш.(43) од Охрид. Се работи на расчистување на настанот, по што против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 16-годишно лице од Битола, со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. При претрес во дом на друго лице во Охрид, полициски службеници го затекнале малолетникот при користење марихуана. Во присуство на родител, со него е извршен службен разговор во СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

