Лев банер Десен банер

Пронајдени и одземени две пушки и 158 куршуми во Годивје

На 14.10.2026 година, полициски службеници од СВР Охрид со судска наредба извршија претрес во домот на Љ.Б.(64) од Скопје, со престој во селото Годивје, општина Дебрца.

При претресот биле пронајдени и одземени две пушки и 158 куршуми кои нелегално ги поседувал.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Извор / фото: СВР Охрид

SttrugaOnline

error: