Билтен за Охрид: Физички напад, узурпација на недвижности
На 31.08.2026 во 17:43 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улица „Илинденска” во охридското село Велгошти бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од П.К. врз С.К.(29), двајцата од истото село. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Б.(47) од охридското село Пештани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности”. Тој неовластено заземал катарстарска парцела во државна сопственост, односно плажа на Охридското езеро под посебна заштита од државата и УНЕСКО и неовластено ангажирал работници со цел да се изгради импровизиран мост до соседната плажа.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

