Билтен за Охрид: Пожар во пилана, сообраќајна несреќа…
На 20.10.2026 во 15:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека кај месноста „Прентов мост” во близина на охридското село Куратица настанал пожар во пилана, во делот каде се наоѓа комората за печење на дрво и штици. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот.
На 20.10.2026 околу 11:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„15 Корпус” во Охрид, товарно возило „ман” со приколка со охридски регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот О.М. од Охрид, удрило во 78-годишната М.А. од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.А., констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо” во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

