Николоски денеска на увид на автопатот Охрид-Кичево
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска извши увид во изградбата на автопатот Охрид-Кичево. На својот фејсбук профил објави дека автопатот се гради со одлично темпо.
”На терен со вредните работници кои го градат автопатот Охрид – Кичево. Одличен напредок!
Што би рекол нашиот народ – „Се гледа крајот”. Брз, сигурен и најсовремен автопат, со најдолгите тунели во Македонија, галерии и вијадукти е на повидок.
Ја градиме Македонија! – објави вицепремиерот Николоски.
StrugaOnline

