Билтен за Охрид: Семејно насилство, физички напад, агресивно однесување на полски граѓанин
На 29.06.2026 во 05:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.Д.(34) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во Охрид физички ја нападнал неговата партнерка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.06.2026 во 11:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улица „Гоце Делчев” во Охрид, З.Х. физички ја нападнал Н.Р., двајцата од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.06.2026 во 05:10 часот на улицата „Коста Абраш” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа Т.Н.(21) од Полска кој претходно, во угостителски објект под дејство на алкохол го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

