Лев банер Десен банер

Билтен за Охрид: Семејно насилство, пожар кај поранешните воени магацини во охридската населба „Бејбунар“, физичка пресметка

На 15.07.2026 во Охрид од слобода е лишен В.Т.(61) од Охрид, по претходна пријава дека, во семејниот дом во Охрид со остар предмет се заканувал кон членови на неговото семејство. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.07.2026 во 17:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на плажата „Градиште”, на брегот на Охридското езеро, нарушен бил јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.Б.(50) од охридското село Велгошти и И.Б. од Охрид. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.07.2026 околу 20:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар кај поранешните воени магацини во охридската населба „Бејбунар”. Во пожарот нема повредени лица, а била зафатена поголема површина на борова шума и нискостеблеста вегетација. Пожарот е локализиран од Територијалната противпожарна единица Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: