100 години спомени и традиција: Голема забава оваа сабота во Пицерија Ангела
Во срцето на Струга, на самиот брег на реката Црн Дрим, каде што водите на Охридското Езеро го продолжуваат својот тек, се издига куќа која веќе 100 години е препознатлив дел од градот и сведок на бројни генерации, приказни и незаборавни моменти.
Од 1926 до 2026 година, ова место ја раскажува својата вековна приказна – приказна за традицијата, гостопримството и спомените што се пренесуваат од генерација на генерација. Една куќа, безброј спомени и традиција која продолжува да живее.
По повод големиот јубилеј, Пицерија Ангела – Струга на 18 јули 2026 година организира свечена прослава исполнета со музика, емоции и дружење.
Прославата започнува во 21:00 часот, а за добрата атмосфера ќе се погрижат Бени & Нон Стоп и ДЏ Баже, кои ќе приредат музичка вечер за сите посетители.
„Бидете дел од приказната која трае еден век“.
StrugaOnline

