Билтен за Струга: Пронајдена опојна и прашкаста дрога, вербални навреди кон полициски службеник

- Локални, Хроника
862

На 04.01.2025 година во 22.40 часот, на улицата „Димче Ковачески” во Струга, приведено лице од Струга кај кого, полициските службеници, пронајдоа и одзедоа опојна дрога Марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На  04.01.2025 година во 21.40 часот, на паркинг простор пред казино во струшкото село Велешта, лишен од слобода е Б.Б.(37) а на разговор во ОВР Струга, повикан е А.А.(39), двајцата од струшкото село Корошишта. При преглед во паркирано патничко возило „Фолксваген Лупо” во кое, двајцата се наоѓале, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, пронајдоа и одзедоа две опаковки со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против нив ќе поднесе соодветна пријава.

На 04.01.2025 година во ОВР Струга е пријавено дека, Ф.Ж. од струшкото село Велешта, на пресекот на улиците „ЈНА” и „ Маркс Енгелсова” во Струга, упатил вербални навреди а потоа вршел неовластено снимање на полициски службеник кој преземал службени дејствија. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

Facebook Коментари