На 05.01.2025 во 21.30 часот во СВР Охрид, С.В.(50) од Охрид пријавила дека пред нејзиниот дом на ул.„Париска комуна” во Охрид било опожарено нејзиното патничко возило „бмв х3″ со охридски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител возилото било однесено во кругот на СВР Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.01.2025 во 14.25 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода М.Ј.(61) од Охрид. Тој, претходно, на локален пат во селото Велмеј, општина Дебрца, со своето патничко моторно возило „опел вектра” се обидел да го удри З.Ј.(55) од истото село, по што му се заканувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(54) од Охрид поради постоење сонови на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа повеќе куршуми со различен калибар кои неовластено ги поседувал.
На 05.01.2025 година во 03.15 часот, во ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка” во Охрид, приведен е В.К.(26) од Дебар кој претходно предизвикал вербална расправија со П.Ч.(22) од Струга а потоа физички го нападнал по што, настанала меѓусебна тепачка. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.01.2025 година во 04.25 часот, во деловен објект лоциран на булеварот „Железничка” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Р.(24) и Л.Р.(19), двајцата од Струга, од една и, К.С.(19) и С.К.(19), двајцата од Охрид, од друга страна. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид, против нив ќе поднесе соодветна пријава.
На 05.01.2024 година во 02.30 часот, во ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка” во Охрид, приведен е Б.Р.(26) од Поградец, Република Албанија, откако кај него, беше пронајдена и одземена опаковка со бела прашкаста материја. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.01.2025 година во 16.45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во патнички автомобил „Пежо 407″, паркирано на улицата „Даме Груев” во Охрид, сопственост на А.К.(55) од Велес, избувнал пожар. Повредени лица нема а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.
На 04.01.2025 година во 16.40 часот, П.Ч.(45) од Скопје, во СВР Охрид пријави дека, на улицата „Расадник” во Охрид, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 04.01.2025 година во 23:25 часот, на булеварот „Македонски Просветители” во Охрид, лишен од слобода е Ј.Џ.(69) од Струга кој претходно, управувајќи патнички автомобил „Цитроен” со охридски регистарски ознаки, на пресекот со улицата „Партизанска”, удрил во сообраќаен знак и избегал. По преземени мерки, полициските службеници констатирале дека тој го управувал автомобилот под дејство на алкохол поради што, против него, ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик ,,Безобзирно управување со моторно возило”.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари