Билтен за Струга: Закани во угостителски објект во Струга и физички нападнат жител од с.Делогожда пред својот дом

- Локални, Хроника
1304
На 20.01.2025 во 11.10 часот, во угостителски објект во Струга, А.П.(49), упатил закани кон Ѓ.М.(64), двајцата од Струга. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.01.2025 во ОВР Струга е пријавено дека, во 09.30 часот пред својот дом во струшкото село Делогожда, А.Д.(65) бил физички нападнат од Ј.М. од истото село. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

Facebook Коментари