На 08.01.2025 во 14.30 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода С.К.(42)од Струга, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа со остар предмет се заканувал на негов 46 – годишен братучед од Струга, а оштетил и дел од покуќнината. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.01.2025 во 13.20 часот во струшко село, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Б.Ш.(49), постапувајќи по претходна пријава дека со работен алат се заканувал на членови на неговото семејство. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари