Наум Бајо на своја Фејзбук страна објавуваше записи за исклучителни личности од Струга и Струшко, за светските поети учесници на Струшки вечери на поезијата, за стари струшки занаети, интересни настани и др.
Автор е на романите „Црвените птици над Рим“, „Часовник од цвеќе“, „Камено срце“, „Воз за Србија“-драма, збирка раскази „Живот“ и книгата „Новинарот нула тринаесет“. Во 2022 година беше добитник на наградата „Петковиот аманет“, која се доделува за животно дело од страна на Меѓународната книжевна манифестација „Струшки книжевни средби“, која таа година беа исцело посветени на покојниот Петко Шипинкаровски, кој беше основач и претседател на Културниот центар „Бран“ од Струга и на манифестацијата „Струшки книжевни средби“ и главен и одговорен уредник на Ревијата „Бранувања“.
StrugaOnline
Facebook Коментари