Казнети тројца возачи на мотор во Струга, возеле без заштитна кацига

- Локални, Хроника
350

На 29.04.2024 година од 10 до 15 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници, затекнале и санкционирале 11 моторциклисти кои управувале мотор, без заштитна кацига (Охрид-04, Струга-03, Кичево-01, Дебар-03). Во наредниов период, полициските службеници ќе ги интензивираат контролите на моторциклистите со цел, доследно почитување на законската обврска за користење заштитна кацига и друга заштитна опрема при управување со мотор или моторцикл и зголемување на степенот на сообраќајната безбедност и култура.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари