На 29.04.2024 во 21.30 часот во ОВР Струга, пријавено е дека во спортска обложувалница во селото Враништа, струшко, едно лице со остар предмет го скршило стаклениот дел на наплатниот пулт, по што се обидел да изврши разбојништво, но бил спречен од вработениот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Г.(33) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Овозможување употреба на наркотични дроги”. Тој, во ноќен клуб во Охрид, на М.К. од Струга, му овозможил употреба на марихуана при што, бил затекнат од полициски службеници.
На 29.04.2024 година во 18.30 часот, во СВР Охрид приведен е Х.П.(29) од Охрид, поради сомнение дека претходно, на улицата „15 корпус” во Охрид, со уште едно лице, физички го нападнале З.А.(71) од Охрид. По целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Facebook Коментари