Лев банер Десен банер

Кривична пријава против стружанец затекнат во незаконит риболов

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Ч.(46) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов”. Тој го сторил делото на 25.05.2026 на крајбрежје од Охридското езеро во близина на реката Црн Дрим во Струга, каде е затекнат како во време на изречена забрана за риболов со риболовен алат – канџа врши лов на риба. При преглед, полициските службеници пронајдоа и одзедоа уловена риба крап и друг риболовен алат.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: