Лев банер Десен банер

Кривични пријави поради насилство за три лица од Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.М. (23), Х.В. (23) и П.Д. (22), од Охрид.

Пријавените, казненото дело го сториле на 22 минатиот месец околу 21 часот пред продавницата „Гобекс“, во охридското село Лескоец, во момент откако вработената С.С. им кажала дека не е дозволено купување алкохолни пијалоци. Тогаш, пријавените, почнале непристојно да се однесуваат и со пцовки да ја навредуваат а потоа и физички ја нападнале заедно со нејзиниот сопруг Н.С. кој бил во непосредна близина и побарал од нив да престанат со навредите.

Во нападот, пријавениот О.М. употребил мала метална лопата –ашов која ја чувал во своето возило и на Н.С. му задал повеќе удари  во пределот на десната рака и главата а потоа и на уште две други лица кои сакале да го оттргнат Н.С. од напаѓачот.

Повредените, пренесени се на хируршкото оделение во Општа болница Охрид, каде им е укажана неопходната медицинска помош.

Извор: СВР Охрид

error: