Бијонсе е најплатен артист за 2016 година

- Занимливо
889

„Billboard“ oбјави листа на најплатени пејачи за изминатата 2016 година. На самиот врв се наоѓа Бијонсе, познатата дива изминатата година заработила 62 милиони долари.

Оваа заработка доаѓа по светската турнеа на Бијонсе, албумот Formation како и документарецот Lemonade.

Веднаш зад Бијонсе, на вицешампоинската позиција на листата најплатени музичари се најдоа , „Guns and Roses“ со годишна заработка пд 42,3 милиони долари. Оваа сума, ја заработија благодарение на нивната минатогодишна светска турнеа.

Брус Спрингстин е трет најплатен според оваа листа, со годишна заработка од 42,2 милиони долари.

На четвртата позиција се наоѓа Дрејк кој изминатата 2016-та година заработил 37,3 милиони долари. Првата петорка ја заокружува Адел со со 37 милиони долари годишна заработка, која и понатаму останува најплатена британска пејачка.

Facebook Коментари