Kумулативна мина за ракетен фрлач пронајдена во с.Калишта

На 01.07.2018година во 14.15 часот во нива, поточно во каналот за наводнување во атар на с.Калишта, струшко, на место викано „Фазлица“, била пронајдена кумулативна мина за ракетен фрлач.
– Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Струга. Од страна на вработен во Дирекцијата за заштита и спасување мината била безбедно подигната.-информираат од МВР
Извор: МВР
Strugaonline

