МТСП: Во првите три месеци од пилот програмата „Младинска гаранција“ врабoтени 419 лица

- Македонија
620

Пилот програмата „Младинска гаранција“ дава одлични резултати во првите три месеци од нејзината реализација. Податоците покажуваат дека за овој период во Скопје, Струмица и Гостивар се вработиле 419 лица, 196 почнале да посетуваат обука, а 160 почнале пракса во некоја компанија.-информираат од МТСП

„Интересот за младинската гаранција е голем, досега вкупно 1532 лица се вклучиле во програмите. Овие резултатие ги надминуваат очекувањата и повеќе од сигурно е дека по завршување на пилот фазата програмата ќе влезе во целосна имплементација.

Младинска гаранција е програма на Владата на Република Македонија со кој се зголемува опфатот и вклучување на младите невработени лица на пазарот на трудот. Целта на оваа мерка, за која до крајот на годината се предвидени 8,8 милиони евра, е младите да останат во државата и да работат тука.

Гаранцијата за млади е отворена за сите млади лица на возраст до 29 години кои се невработени, веќе го завршиле своето образование и не се пријавени во АВРМ. Пријавените добиваат квалитетната понуда за вработување, натамошно образование, стажирање или практикантство. Сите овие се клучни за успешното интегрирање на младите во пазарот на трудот и намалување на одливот на образован кадар од земјата.“ – се вели во соопштението од прес-службата на МТСП

Гаранција за млади е активна мерка за вработување на млади лица која  се спроведува во државите од Европската Унија од 2012 година. Република Македонија е единствената земја во регионот, која не е членка на Европската Унија, а започнува со воведување на „Гаранција за млади“, како мерка за зголемување на вработливоста на младите луѓе.

Strugaonline

Facebook Коментари