Приведено лице од Куманово, осомничено за убиството на Бојоска

- Хроника
805

Лице од Куманово, кое живеело во истата зграда и добро се познавало со убиената е осомничено за убиство на 67-годишната охриѓанка Спаса Бојоска.

Неофицијално, лицето по извршеното дело заминало за Куманово, во обид подоцна да ја напушти државата.

Немилиот настан се случи пред два дена во станот на Бојоска на улицата „Галичица“ во Охрид. Тој со нож ја нападнал жената и ѝ задал повеќе смртоносни убодни рани во главата, вратот и телото, по што извршил пребарување низ собите.

извор: ОхридПрес

Facebook Коментари