Приведено лице од Струга, го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон женско лице
На 16.04.2026 во 06:00 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го привеле Д.М.(39) од Струга, постапувајќи по претходна пријава дека го нарушил јавниот ред и мир во ходник од зграда и агресивно се однесувал кон женско лице, а подоцна и не постапил по наредба издадена од полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

