Лев банер Десен банер

Приведено лице од с.Пискупштина, возел со 1,73 промили алкохол во крвта

На 14.04.2026 во 21:05 часот во с.Враништа, струшко, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Д.Б.(60) од с.Пискупштина, струшко. При контрола во сообраќајот, полициски службеници сопреле товарно возило, управувано од Д.Б. и по извршени проверки било констатирано дека возилото го управува по дејство на алкохол, односно дека има 1,73 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица, а возилото е одземено. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: