СВР билтен: Физички напади во Охрид и Струга
На 02.07.2026 во 07:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека околу 07:20 часот во двор од семејната куќа, по претходна расправија, Н.Т. бил физички нападнат од К.И., двајцата од Охрид. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 03.07.2026 во 05:40 часот во Струга, полициски службеници го лишија од слобода М.М.(40) од струшкото село Радолишта, затоа што во станбена зграда на улицата .„Партизанска” во Струга, физички го нападнал Д.М.(40) од Струга, при што му одзел пари во разни апоени и мобилен телефон. По целосно документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

