ЈП ЕКО Струга ќе постави блокатори на Машка и Женска плажа за да спречи движење на возила по тротоарите
ЈП ЕКО Струга ги информира граѓаните дека во наредниот период ќе изврши затворање на пристапите со блокатори на Машка и Женска плажа, со цел заштита на јавниот простор, зголемување на безбедноста и спречување на движење на моторни возила во недозволени зони.
Според соопштението, на Машка плажа ќе бидат поставени блокатори на деловите каде што досега се овозможувало движење и паркирање на возила на површини кои не се наменети за сообраќај.
На Женска плажа, пак, ќе биде затворен просторот позади Ракометното игралиште, со цел да се заштитат пешачките површини и да се обезбеди непречено и безбедно движење на посетителите.
Од ЈП ЕКО Струга апелираат до граѓаните и посетителите да ја почитуваат поставената сигнализација и важечкиот сообраќаен режим, како и да ги користат исклучиво дозволените паркинг-простори.
Од претпријатието изразуваат благодарност до јавноста за разбирањето и соработката во спроведувањето на овие мерки.
StrugaOnline

