Мега салонот „АББА“ Струга наскоро на нова локација
Мега салонот „АББА“ Струга наскоро на нова локација, на улица Туристичка веднапш после Лукоил.
Нудат широк спектар на услуги и производи за уредување на ентериер и одржување, наменети за домови, хотели, ресторани и деловни објекти.
Од компанијата истакнуваат дека нивната работа се базира на квалитет, професионалност и долгогодишно искуство, нудејќи комплетни решенија на едно место. „Со професионална опрема и посветен тим, гарантираме квалитет, издржливост и навремена услуга“, наведуваат од „АББА“.
Во нивната понуда се вклучени модерни и декоративни тапети и панели, кои внесуваат стил и елеганција во секој простор, како и изработка на хотелски постелнини – чаршафи, навлаки, пешкири, јоргани, перници и бањарки.
Компанијата нуди и професионално перење со индустриски машини, со висок хигиенски стандард и брза услуга, наменето за хотели, ресторани и апартмани.
Покрај тоа, „АББА“ изработува работни и куварски униформи за ресторани, хотели и различни работни тимови, како и хотелска козметика која вклучува шампони, сапуни, папучи и сетови за лична хигиена.
Во делот на ентериерните решенија, клиентите можат да изберат драпери, корнизи, завеси, роло завеси, вариолајт системи, зебра завеси и венецијанери.
Мега салонот „АББА“ се наоѓа на улица Туристичка веднаш после Лукоил во Струга и е препознаена како сигурен партнер за сите кои бараат квалитетни и сеопфатни решенија за уредување и одржување на просторот.
StrugaOnline

