Лев банер Десен банер

Во недела во Струга ќе се одржи манифестацијата ,,Избор на највелигденско јајце“

Н.У. Центар за култура „Браќа Миладиновци“ Струга ги поканува сите граѓани да бидат дел од традиционалната манифестација „Највелигденско јајце“, која и оваа година ќе донесе богата програма исполнета со уметност, духовност и креативност.

Настаните ќе се одржат во Струга во текот на два дена. Во сабота, на 18 април 2026 година, од 12 до 14 часот, ќе се реализира отворена работилница каде учесниците ќе имаат можност да ги изработат и декорираат своите велигденски јајца.

Главната програма е закажана за недела, на 19 април, со почеток во 19 часот, кога ќе биде отворена изложбата на изработените експонати. Настанот ќе биде збогатен со беседа на Отец Стефан Санџакоски, како и со настап на хорот „Калистрат Зографски“ и драмското студио „Миладин“, кое ќе ја изведе претставата „Треба да се простува“. Во рамки на вечерта ќе бидат доделени и награди за најдобрите учесници.

Право на учество имаат сите граѓани, без разлика на возраст и пол. Организаторите информираат дека експонатите треба да бидат изработени во духот на православната традиција, со доминантна црвена боја, и да се достават најдоцна до 18 април 2026 година до 14 часот кај Ристе Миладин.

Манифестацијата „Највелигденско јајце“ има за цел да ја негува традицијата, да ја поттикне креативноста и да обедини различни генерации во духот на празникот и заедништвото.

StrugaOnline

error: