Два милиони прегледи за Јана Бурчевска и „Dance alone“ – рекорд за македонски претставник на Евросонг

- Музика
2306

Македонската претставничка на овогодинешното издание (62 по ред)  на Евровизија, Јана Бурческа на youtube – каналот има повеќе од два милиони прегледи на спотот и песната  „Dance alone“. Евровизиските фанови од повеќе земји кои редовно го следат фестивалот се со многу позитивни коментари, а Бурческа се смета и за еден од евровизиските фаворити кои ќе се претстават на евровизиската сцена во Киев од 9 до 13 мај. Јана Бурческа заедно со тимот од Македонија, во Украина заминува во понеделник (1 мај). Евровизиската треска Македонија ја започнува со два милиони прегледи.

Facebook Коментари