Денеска е последен рок за стружани да се потпишат во книгите за поддршка на лицата со посебни потреби

- Локални
1023

Градот Струга пред три дена се вклучи во акцијата за собирање потписи за промена на законите, подзаконските акти и правилниците за лицата со посебни потреби. Целта е да се соберат 10 000 потписи (на ниво на цела Македонија)  кои саканите промени би ги внеле во собраниска процедура, а промените треба да донесат подобри услови за живот на лицата со посебни потреби и нивните семејства. Денеска е последниот ден за собирање потписи во Струга. Оваа иницијатива во нашиот град ја покрена Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака нова“.

Распоредот за собирање потписи е следниов :

– 10 до 12 часот ШТАНД пред книжарница КЛИО,
– 13 до 16 часот МОБИЛНА ЕКИПА низ ИНСТИТУЦИИТЕ и ФИРМИТЕ во Струга,
– после 16 часот КНИГАТА ќе биде ВНАТРЕ ВО Книжарница КЛИО.

Facebook Коментари