Лев банер Десен банер

Групата ,,Меморија“ ја промовира новата песна „Македонски бисери“

Групата „Меморија“ ја сними новата песна „Македонски бисери“, која претставува сплет на четири безвременски македонски песни.

По идеја на Петар Георгиевски- Камиказа, групата во една песна ги стави „Едно име имаме“ на Јонче Христовски, „За многу години Македонци“ на Димитар Масевски и Васил Пујовски, „Заветна“ на Миле и Ѓорѓи Барбаровски и народната „И ние сме деца на Македонија“.

Аранжманот е на Петар Георгиевски – Камиказа, заедно со Давор Јордановски и Мите Димовски, кои се и продуценти на синглот кој е снимен во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски.

,,Меморија“ по пауза од триесет години, до крајот на годинава ќе промовира и нов албум.

Strugaonline

error: