Поетско читање со романската поетеса Ката Ѓерфи утре во Еurope House Струга

- Локални
57
Утре со почеток во 18:00 часот во Еurope House Струга ќе се одржи поетско читање со унгарската поетеса Ката Ѓерфи .
Освен поетеса, Ѓерфи е и двојазичен драматург од Романија,  објавува повеќе од една деценија. Нејзината дебитантска збирка поезија, „Te alszol mélyebben“ (Спиеш подлабоко), доби признание од критиката и номинации за престижни книжевни награди. Во драмите изведени и преведени од 2017 година, творештвото на Ката навлегува во темите на осаменоста и општествените норми.
Во рамки на настанот, ќе има и разговори со Селма Бошкаило и Андерс Елин, динамично дуо со седиште во Берлин.
Селма е куратор, истражувач и уметник, додека Андерс е наградуван композитор, истражувач и звучен уметник. Заедно тие го истражуваат пресекот на звукот, територијата и просторот преку The New Liquidity, колектив и платформа за уметнички и кураторски практики.
Настанот е дел од проектот “Prosper”, кој го реализираат пет граѓански организации, a, e финансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија и Министерството за култура на Република Македонија.
Strugaonline

Facebook Коментари