Легендата на соул музиката Арета Френклин вели дека повеќе нема намера да оди на турнеи откако ќе го објави новиот албум во септември оваа година.

„Оваа година одам во пензија“, вели неделава пејачката во телефонското интервју за Детроит ТВ.
„Ќе снимам, но оваа година ќе биде последна за концерти. Тоа е тоа“, рече Френклин.
Позната како „кралица на соулот“ Арета Френклин вели дека планира шестмесечна турнеја заради промоција на новиот албум и планира некои настапи.
„Се чувствувам многу, многу богато и задоволно со тоа каде е мојата кариера“, рече Френклин, која живее во Детроит. „Ќе бидам задоволна, но нема да одам некаде каде што нема ништо да правам. Тоа не би било добро“, додава пејачката.
Нејзиниот нов албум во соработка со Вондер ќе биде уште едно вистинско уживање за љубителите на овој правец во музиката. Истиот е комплетно нов и на него нема да има досега објавувани песни. Иако ова ќе биде нејзиното последно музичко остварување, Френклин вели дека планира да продолжи со нешто друго во животот, што значи дека нема само да се повлече во својот дом.
Френклин ја започна музичката кариера кон крајот на 1950-сеттите и освои 18 Греми награди.
Последниот албум “Aretha Franklin Sings the Great Diva Classics” беше објавен во 2014 година.
Facebook Коментари