Во август ќе се одрши 31-то издание на Охридскиот пливачки маратон

- Локални, Спорт
602

????????????????????????????????????

Традиционално во втората половина од месец август ќе се одржи 31-то издание на Охридскиот пливачки маратон кој е еден од четири маратони од Гран при серијата сезонава.

Светската пливачка федерација (ФИНА) одново како и минатата година маратонот во Охрид го смести за претпоследен во Гран при серијата.

Патеката долга 30 километри „Климе Савин“ која маратонците ќе ја пливаат на 19 август ќе добие нов победник, откако минатогодишниот Томи Стефановски се повлече од пливањето по завршувањето на сезоната.

Новата сезона во Гран при серијата започна со маратонот во реката Коронда, Аргентина долг 57 километри. Првото место во машка конкуренција му припадна на Дамјан Блаум, во женска триумфираше Барбаро Поцомбо, а нашите преставници Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски завршија на третата односно на деветтата позиција.

Пред охридскиот маратон на програмата е маратонот Сен Жан во Канада на 27 јули, а маратонското пливање завршува во Капри, Италија на 3 септември.

Facebook Коментари