Каролина Гочева е едно од највалитетните имиња на домашната сцена, после неповторливите албуми „Македонско девојче 1“ и „Македонско девојче 2 “ беше промовирана и песната „Зборови немам“ во соработка со Дуке Бојаџиев. Нивната музичка соработка продолжува и понатаму.
Дуке Бојаџиев се потпишува како комплетен автор на музиката, текстот, аранжманот и продукцијата на „Свет без граници“
„Откако пред неколку месеци имавте можност да чуете мал дел од нашиот „Свет без граници“, со Дуке Бојаџиев решивме да ви ја подариме и целата песна, притоа направивме и едно симпатично lyric видео за кое ни помогнаа цртежите на првачињата од ОУ „Љубен Лапе“ од Скопје и рачето на нашата Дариа Милошеска.“ – вели Каролина Гочева.
Извор: Strugaonline
Facebook Коментари