Денеска започнуваат Петровденските пости – телесен и духовен пост

- Македонија
998

Денеска започнуваат  Петровденските пости кои му претходат на празникот Петровден кој секоја година се одбележува на 12 јули, а времетраењето на постот зависи од празникот Велигден. Петровденските пости се во чест на светите апостоли Петар и Павле .

Постот очекувајќи го Петровден ,е еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородични, Божикни), започнува од првата недела по Духовден, а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден, така и Петровденскиот пост трае различно. Некогаш шест недели, а некогаш само една недела и еден ден.

За време на постот не се конзумира месо, млечни производи и јајца. Во понеделник, среда и петок се пости без масло. Во вторник и четврток се пости со масло, а во сабота и недела дозволено е да се јаде риба.

Освен телесниот, исто така важен е и духовниот пост кој подразбира воздржување од лоши мисли, безусловна љубов кон Бог и луѓето како и правење добри дела.

 

Facebook Коментари