Лев банер Десен банер

ЕП 2021 Шведска со убедлива победа над Македонија

Maкедонската ракометна репрезентација со пораз го започна настапот на ЕП во Египет. Селекцијата на Шведска синоќа убедливо славаше над Македонија со резултат 32:20. Израмнето се играше првите 15 минути од натпреварот до резултат 9:9, а Шведска потоа ја направи првата голема серија од пет гола, а на крај на првиот дел беше 16:11. На почетокот на вториот дел Шведска ја зголеми предноста на 10 гола , па потоа само ја одржуваше предноста.

Македонија задутре ќе игра против домаќинот Египет (18 часот), а в понеделник (15.30 ч.) противник на ќе ѝ биде селекцијата Чиле.

Strugaonline

фото: aрхива

error: