Запалено бугарското знаме во Вевчани, Софија упати вербален демарш

- Македонија
768

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева на Facebook објави дека Софија упатила вербален демарш до Скопје поради запаленото знаме на Бугарија на карневалот во Вевчани.

– По повод медиумските објави за изгорено бугарско знаме во село Вевчани во Република Северна Македонија, му порачав на бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, да го изрази до владата на РМ нашето силно негодување за овој вандалски чин. Амбасадорот Ангелов веќе упати остар вербален демарш во Министерството за надворешни работи на РСМ, напиша Захариева.

Facebook Коментари