ЈП Комунално ја украси Струга во духот на Новогодишните празници

- Локални, Останати
527
Tимот на ЈП Комунално ја украси Струга во духот на Новогодишните празници. Соодветната декорација во централното градско подрачје ги израдува стружани, кои полека влегуваат во предновогодишно расположение.
Надлежните во текот на месец ноември најавија дека украсувањето годинава ќе биде скромно, бидејќи на седница на Совет на Општина Струга беше изгласано да не се трошат пари од буџетот за украсување оваа година.
Ваква одлука беше донесена поради  кризната состојба во енергетскиот сектор. Од Општина Струга информираа дека средствата што требаше да се користат за украсување,  ќе бидат пренаменети за потребите на јавните претпријатија кои се во интерес на граѓаните.
Забавата за деца како и секоја година ќе продолжи и годинава,  со прошетка на Дедо Мраз низ градот.
Oваа година ќе се поделат награди и подароци,  предвидено е доделување на штедна книшка во износ од 15.000 денари за три првороденчиња во Општина Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари