Караорман убедливо славеше над Октиси со резултат 6:2

Во претходно одложен натпревар од 3-то коло во МФЛ Југозапад, екипата на Караорман на домашен терен славеше против Октиси со резултат 6:2. Првиот гол за домаќините го постигна Никола Димов во петтата минута од натпреварот. Во 23-та минута Ивица Ќелешоски беше прецизен за дупла предност на Караорман, а само две минути подоцна , за 3:0 погоди Томе Речкоски. Пред самиот крај на првиот дел Ќелешоски го постигна својот втор гол за 4:0.

На почеток на  вториот дел Адем Цаноски намали на 4:1 , во 60-та минута Димитар Акимовиќ погоди за 4:2 , а стружани ја запечатијаа убедливата победа со уште два гола. Во 80-та минута гол постигна Белќија Ѓетали, а последниот гол на натпреварот за конечни 6:2 го реализираше Илија Далчески во 86-та минута.

Strugaonline

Facebook Коментари