Средношколци денеска протестираа во Струга откако вчера професор претепа ученик

- Локални, Останати
806

Учениците од албанските паралелки од гимназијата Ибраим Темо, денеска протестираа пред Основниот суд во Струга. Овој протест произлезе од вчерашниот инцидент во кој ученик од гимназијата, бил повреден во главата  од страна на професор кој го удирал со железен предмет.

„Стоп на насилствотото“, „бараме казна“, „не сме безбедни“. – се само дел од пораките кои ги испратија средношколците на денешниот протест.

Во знак на револт тие денеска ја бојкотираа наставата.

 

 

Facebook Коментари