Струшкото ПЛЕЈ радио со нова, збогатена програмска шема

- Останати
1122

Како што информираат од менаџментот на медиумот, од утре, понеделник, започнуваат со нова, збогатена програмска шема.
Истакнуваат дека се работи за нов концепт на утринската прграма во чии рамки ќе започне да се емитува емисијата “Плеј Кафе”, емисија која ќе се емитува секој работен ден од 09 до 11 часот заедно со Тања Мојсоска. Со нов концепт ќе биде и пладневната програма во која слушателите ќе имаат можност да се дружат со Ирена Мрческа во нејзината емисија “Инфо Плеј ” секој работен ден од 11 до 14 часот.
Се разбира во етер остануваат и емисиите “Кавервил” на Драган Б. Костиќ, “Не Спомви Имиња” со Бато Деко како и топ листите: Плеј Топ 20 наменет за најдобрите 20 теми на Плеј Радио, секоја сабота од 14:00 до 16:00 часот и Селебрити Топ 10 наменет за најголемите хитови некогаш изведени, секој петок од 20:00 до 21:00 часот. За најголемите хитови на радио е задолжен ДЈ Димитар секој работен ден од 18 до 20 часот.
Програмата на PLAY радио слушателите можат да ја слушаат на 90.4 FM мегахерци или преку интернет на официјалниот веб-сајт www.playfm.mk

Facebook Коментари