Словенците многу лесно против нашите ракометари, Словенија – Македонија 29:22

- Спорт
633

Манасков-Словенија

Mакедонија не ја искористи првата шанса да избори место во Топ-16 фазата на СП во ракомет. Се надевавме барем на бод со Словенија, но нашиот ривал триумфираше со 29-22 (16-10). Ни остануваат уште две шанси, од кои бараме најмалку бод, но и надеж дека другите резултати ќе ни одат во корист, односно нема да има изненадувања.

Лошото прво полувреме кое го одиграа нашите ракометари беше причината што Словенија и полесно од најавата стигна до бодовите. Од шесте гола на полувреме со кои заминаа Словенците, потоа само ги одржуваа и зголемуваа, и разликата беше „плус 8“ за нашиот ривал. Во 46 минута и со играч помалку Словенија зголеми на 22-13. Не само што изгледаше тешко да се вратиме во игра, уште потешко на терен ни одеше. Не функционираше нашиот напад, со малку добри акции, но лошо беше во одбрана каде имавме многу пукнатини.

На средбата со Словенија, својите први голови на Мундијалот го постигна и Стефан Дрогришки и Марко Нелоски. Кога веќе беше јасно дека нема да можеме да извлечеме барем бод, на терен беа и оние што помалку играат, или на кои селекторот во иднина ќе им дава поголема минутажа.

Facebook Коментари