Општина Струга ги повикува сите заинтересирани граѓани да учествуваат на јавната расправа за предлог – буџетот на Општина Струга за 2022 година, што ќе се одржи на 21.12.2021 (вторник), со почеток во 12:00 часот, во салата на Совет на Општина Струга.
Со цел зголемување на транспарентноста и директно вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки во локалната власт, Општина Струга отвори и можност за граѓаните да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет за 2022 година.
Заклучно со 18 декември 2021 година, секој граѓанин имаше можност да ги посочи проблемите со кои се соочува, како и да даде предлози за подобрување на условите за живот во своето населено место.
Strugaonline
Facebook Коментари