Во Поградец беше одбележан Денот на Охридското Езеро

- Локални, Останати
402
 Оваа година церемонијата,, Ден на Охридското Езеро” се одржа во Поградец по покана нa Градоначалникот Илир Џаколи.
На средбата учествуваа и градоначалниците на Струга и Охрид.
,,Се дискутираше за достигнувањата и тековните проекти во областа на развој на туризмот, културата, езерската инфраструктура, но и за проблемите со кои се соочуваат нашите три општини. Се договоривме досегашната одлична соработка да продолжи и понатаму на повисоко ниво, каде ќе се вклучат сите заинтересирани страни-информираат од Општина Струга.
Од таму додаваат дека Охридското езеро е мост кој ги спојува трите прекрасни градови Струга, Охрид, Поградец.
Strugaonline

Facebook Коментари