По завршување на тендерската постапка и склучувањето на договорот, во Струга започна инсталацијата на нови сообраќајни знаци на места каде што недостасуваа или замена на оштетените знаци.

Од Општина Струга велат дека поставувањето на новите сообраќајни знаци ќе овозможи регулиран сообраќај. Екипите кои ја вршат инсталацијата на сообраќајните знаци се на терен, и нивните активности ќе продолжат во наредните денови.

Од Општина Струга исто така ги информираат граѓаните дека паркинг местото на автобусите кон Охрид е преместен на улицата „Партизанска“ и е во функција од 11.04.2021
Strugaonline
Facebook Коментари