Денеска во Македонија ќе пристигнат 2000 кинески вакцини

- Македонија
386

Денеска доаѓаат 2000 вакцини во нашата земја. Ова го најави министерот за здравство Венко Филипче пред салата „А1 Борис Трајковски“ во Скопје.

Станува збор за кинеските вакцини.

„Преку нашиот амбасадор во Абу Даби, денеска ќе пристигнат 2000 кинески вакцини. Веќе го организиравме транспортот, возилото е веќе на скопскиот аеродром“, рече Филипче.

Што се однесува до состојбата во болнициците, министерот Филипче информираше дека изминатиов викенд намален е бројот на ново-примени пациенти во здравствените установи во Скопје и низ цела Македонија.

Вакцинацијата се одвива добро, до сега се вакцинирани околу 25 000 граѓани. Вакцинирањето на критичната инфраструктура завршува утре, а од среда вакцинацијата ќе продолжи по возрасни групи.

Министерот информираше дека на дешениот координативен штаб донесена одлука за измени во законот за здравствена заштита со која на приватните болници ќе им се ограничи висината на наплата на финансиски средства за лекување ковид пациенти во време на криза и вонредна состојба. Предлогот за промена на законот утре ќе и биде доставен на Владата.

Strugaonline

фото: архива

 

Facebook Коментари