Екипата на Баерн Минхен е победник во Лигата на шампионите за сезоната 2019/20 година. Во последниот натпревар од елитното натпреварување за оваа сезона, Баварците во Лисабон го совладаа Пари Сен-Жермен со 1:0.
Стрелец на голот што вредеше титула беше Кингсли Коман во 59. минута.
Завршницата на Лигата на шампиони, поради пандемијата, се играше во формат „Фајнал 8“ без присуство на публика.
Ова е шеста титула за Баерн и сега е изедначен со Ливерпул.
Facebook Коментари