Викендов џудо клубот „Дрим“ – Струга учествуваше на меѓународниот турнир „Медијана Куп 24“ во Ниш, Р. Србија, каде учествуваа над 300 натпреварувачи од 36 клубови од 4 држави. Џудо клубот „Дрим“ – Струга настапи со пет натпреварувачи и освои, четири медали.
Со медал се закитија:
– Сребрен медал – Анамарија Стојмиловска -48 кг;
– Сребрен медал – Елеонора Јосифоска -40 кг;
– Бронзен медал – Мила Стојмиловска -44 кг;
– Бронзен медал – Драгица Рафтоска -63 кг.
Одлични борби прикажа и Катерина Клењоска но не успеа да се закити со медал. Џудо клубот „Дрим“ не застанува тука веќе наредниот викенд ќе настапи на 2 меѓународни натпревари во Р. Србија и Р. Босна и Херцеговина.
StrugaOnline
Facebook Коментари