Димитар Јованоски е севкупен победник на Отвореното првенство ,,Триатлон Дрим-Струга“
Изминатиов викенд во Струга се одржа Отворено првенство во триатлон ,,Триатлон Дрим-Струга“.
И покрај дождливото време и ограничувањата поради пандемијата, триатлон клубот 3 Disciplines како организатор на овој настан, успеа да биде на висина на задачата и да организира квалитетно првенство.

,,Нашиот клуб од 39 пријавени учесници ,на денот на трката поради лошото време,сезонски вируси и други причини настапи со 31 член. Поради ковид пандемијата од граница ни ги вратија бугарските спортисти, српските и црногорските спортисти го откажаа своето учество. Состојбата со пандемијата си го направи своето, но, останавме на висина на задачата. Имавме вкупно 112 учесници од Македонија, Косово и Албанија.“ – изјави Никола Кутаноски, тренер на клубот 3 Disciplines.
Од струшкиот клуб Јован Кутаноски освои второ место, Виктор Опетчески беше трет, Стефанија Кутаноска беше втора, а Софија Кутаноска освои трето место. Тија Кукунешоска го освои второто место. Олса Орани ја освои првата позиција. Миле Јованоски го освои првото место, а Дејан Кутаноски втор.
Димитар Јованоски е севкупен победник на ова првенство, а и во категоријата јуниори.

,,Благодарност до Триатлон Федерација на Македонија за техничката поддршка и друга помош за да едно вакво натпреварување по пауза од пет години повторно го вратиме во градот расадник на спортисти, Струга. Огромна благодарност до членовите на советот на родители при нашиот клуб,управниот одбор и останатите родители на нашите деца за несебичноста во помагањето околу натпреварот. Струга може,Струга има има таленти не само за екипните спортови туку посебно за триатлонот, но сето ова што го правиме е постигнато со минимални услови за тренирање во областа на пливањето, велосипедизмот и атлетиката.“-додава Кутаноски.

Тој исто така се заблагодаи на сите општенствено-одговорни фирми кои помогнаа за реализација на ова издание на отвореното првенство.
Strugaonline
