Горан Папаз го промовира спотот за новата песна „Кога љубов имам“

- Музика
470

Познатиот  саксофонист Горан Папаз сними видео запис за неговата најнова песна „Кога љубов имам“.

Песната  е работена заедно со продуцентот и композитор Гоце Симоноски а е снимена во студиото на Лазар Цветкоски, LCV Production. Музиката е на Горан Папаз а аранжманот е на Гоце Симоноски.

,,Се работи  за ведра тема во која се појавуваат и женски вокали. Инспирацијата за истата е љубовта кон се што е околу нас т.е. се што не опкружува и не’ прави среќни.“ – вели Папаз.

Видеото е снимено и режирано од страна на Ѓоле Наумовски, Мега Продукција.

 Како главен протагонист во видеото се појавува моделот Емилија Малезан.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари